Утрински Весник
Свет

Болсонаро знае како може да се реши руско-украинскиот конфликт

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро денеска изјави дека знае како би можел да се реши конфликтот меѓу Русија и Украина и дека своите предлози ќе му ги претстави на својот украински колега Володимир Зеленски, со кого ќе разговара следната недела.

dobivaj vesti na viber

„Ќе му кажам што мислам, ќе му кажам потенцијално решение за сето ова. Знам дека може да се реши, но никому нема да кажам што е тоа. Решението би можело да биде слично на она што го имаше Аргентина со Велика Британија во 1982 година“ – изјави Болсонаро без да даде повеќе детали, пренесе „Ројтерс“.

Телефонскиот разговор меѓу Болсонаро и Зеленски е планиран за 18 јули.

Бразилскиот претседател рече дека украинскиот лидер ја иницирал приказната и дека Болсонаро веднаш се согласил на разговорот.

Болсонаро го посети својот руски колега Владимир Путин во Москва во февруари, неколку дена пред Русија да ја нападне Украина, а бразилскиот лидер досега зазема неутрален став за конфликтот, додека Бразил продолжува да работи со Русија.

Можете да прочитате

Русија ја нападна Украина со над 150 дронови

Русија употреби нов дрон Geran-5 во Украина

Над 500 убиени и над 10.000 уапсени во Иран, режимот организира контра-протести