Утрински Весник
Свет

Болсонаро ги нарече тирани бразилските гувернери кои воведуваат заклучување

Болсонаро ги нарече тирани бразилските гувернери кои воведуваат заклучување

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ги нарече „тирани“ сојузните гувернери и градоначалници кои вовеле заклучување за да се спречи ширењето на коронавирусот.

На обраќање на неговата роденденска прослава во Бразил, тој рече дека владата направила се што може и дека е време повторно да се отвори економијата, пренесува Би-би-си.

Болсонаро, кој вчера наполни 66 години, се спротивставува на мерките за карантин уште од почетокот на пандемијата, нагласувајќи дека штетата што тие ќе ја нанесат врз економијата ќе биде поголема од ефектите на вирусот.

Од самиот почеток, тој ја намалува сериозноста на вирусот, нарекувајќи го „мал грип“.

На почетокот на овој месец, Болсонаро им порача на Бразилците да престанат да цимолат во врска со пандемијата.

Бразил бележи рекордни дневни бројки на нови инфекции и смртни случаи во последните неколку недели, а најголемиот здравствен институт „Фиокруз“ предупреди дека здравствениот систем е пред колапс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет