Утрински Весник
Свет

Болниците во Нови Сад полни со заразени со Ковид-19

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Покраинскиот секретар на Војводина за здравство, Зоран Гојковиќ, изјави дека здравствените установи во Нови Сад се полни и дека постојано се регистрираат зголемен број на заразени со коронавирус.

„Сè уште не гледаме тренд на намалување на бројот на нови случаи. Здравствените установи во Нови Сад се преполни, Клиничкиот центар на Војводина всушност работи во четири ковид згради, со пет единици за интензивна нега. Од петок и воената болница во Петроварадин ќе прими пациенти“, посочи Гојковиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Мелони руши рекорд: Нејзината влада е најдолготрајна од Втората светска војна

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна