Утрински Весник
Спорт

Боксерот Кастилјо излезе од болница по застрашувачкиот нокаут

Боксерот Кастилјо излезе од болница по застрашувачкиот нокаут

Ленон Кастилјо излезе од болница и е свесен, откако во саботата навечер доби брутален нокаут од Британецот Калам Смит во пред-мечот на дуелот Олександер Усик-Ентони Џошуа.

Со фантастична десница на Смит, Кастилјо (21-1-4) остана на подот, а судијата Боб Вилијамс веднаш го прекина мечот. Смит (28-1) почна да прославува, но ведаш му беше јасно дека нешто не е во ред со противникот, кому му се тресеа нозете.

33-годишниот Кастилјо, ветеран од Доминиканската Република, доби медицинска помош неколку минути, по што беше изнесен на носилки, а промотерот Еди Херн потврди дека тој е свесен и во добра состојба.

Страшен нокаут во Тотенхем арена

> Боксерот Кастилјо излезе од болница по застрашувачкиот нокаут <

Можете да прочитате

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0