Утрински Весник
Спорт

Боксерот Дејвис се извлече без повреди откако приватниот авион падна при полетување

Боксерот Дејвис се извлече без повреди откако приватниот авион падна при полетување

Американскиот боксер Џервонта Дејвис преку Инстаграм објави . откако неговиот приватен авион на кого беше со уште неколку пријатели, падна при полетување.

Прво, 26-годишниот Дејвис на Инстаграм се пофали со фотографија со неговите пријатели, со багаж, неколку кучиња и едно мало дете. Потоа, тој преку Инстаграм објави . по инцидентот кој се случил на аеродромот во Форт Лодердејл, Флорида.

„Авионот воопшто не полета! Мислам, полета, но падна! Боже. Ако некој сака да лета… Мислам дека завршив со тоа. Или ќе возам или ќе одам со воз. Секоја чест на пилотот, без него немаше да бидеме живи“, се слуша Дејвис во разговорот.

> Боксерот Дејвис се извлече без повреди откако приватниот авион падна при полетување <

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ