Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Боки 13 ја посетувал Катица Јанева во нејзиниот дом, покажуваат ПИ мерките

Боки 13 ја посетувал Катица Јанева во нејзиниот дом, покажуваат ПИ мерките
Img 7972

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Бојан Јовановски – Боки 13 се гледал со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и одел кај неа, во нејзиниот дом, ова го покажале снимките од ПИ мерките кои денеска се прикажуваат во судница на рочиштето за предметот „Рекет“ во кој обвинети се Боки 13 и Јанева. Според одбраната во снимките нема ништо спорно.

– Да видиме Обвинителството какви заклучоци ќе извлече, но ние не гледаме било каков доказ дека со овие мерки се открива нешто инкриминирачко за било кој од обвинетите. Не гледаме ништо чудно во тоа. Они не кријат дека имале контакти, истакна адвокатот на Јанева, Дељо Кадиев.

Одбраната на неколку пати реагираше дека обвинителството ги изведува несоодветно материјалите од ПИ мерките, односно дека тоа што се чита не соодветствува со видео снимките кои се прикажуваат, како и дека треба подобро да се објаснуваат доказите.
Обвинителката Вилма Русковска,  рече дека такви се извештаите од МВР, односно ги чита како што ги добила.

Од прикажаните видеа се гледа дека биле следени возило порше со бугараки ознаки и џип со македонски ознаки. Се прикажуваа и снимки од барот Интермецо, ресторан Воденица, во кругот на фабриката Охис и други локации во Скопје во јуни 2019, кога биле наредбите за ПИ мерки.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор. аа/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Два дена пред изборниот молк – Уставниот суд ќе расправа за исклучувањето на Левица од рекламирање

Газдата на „Дурмо турс“ и уште еден обвинет се уште не се во затвор оти имале проблеми со тестисите

Кривична пријава за Лорета Георгиева, не пријавила стан во Скопје и земала патни трошоци