Утрински Весник
Македонија

Боки 13 бара укинување на притворот поради потреба од хигиено диететски режим

Боки 13 бара укинување на притворот поради потреба од хигиено диететски режим

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова денеска сведочеше за предметот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки13 и Катица Јанева. Димишков бил адвокат на Меѓународниот сојуз чиј претседател е Боки 13 и адвокат на Стопанска Банка Битола во која акционер е бизнисменот Јордан Камчев.

Димишков рече дека имал средба со Камчев на која му била покажана судска наредба потпишана од неговата састра, судијката по претходна постапка Димишкова. На прашање на одбраната тој рече дека сметал оти сакаат да го искористат, односно неговата сестра да биде изземена како судија по претходна постапка.

На прашање пак на обвинителката Вилма Рускоска да одговори со „да“ или „не“ дали тој му предочил на Камчев дека не може да му помогне во случајот „Империја“ како адвокат и дека треба сестра му да се изземе, Димишков рече дека „наредбата не била сè уште формиран предмет“. На ова реагираше адвокатот Сашо Дуковски дека сведокот е малтретиран од Русковска. Сепак Димишков не даде конкретен одговор на прашањето на обвинителката.

Димишков имал средба со директорот на Стопанска банка Битола Владимир Евтимоски, кој му посочил дека Камчев сака да се сретне со него во врска со случајот што се води против него. Според сведокот, средбата се остварила, Камчев му понудил да учествува во тимот адвокати за одбрана во предметот, на што сведокот му одговорил дека ќе формира цена за награда и ќе го известел и дека потоа не се виделе.

Адвокатот Дуковски, од Судечкиот совет побара да му се укине притворот на Боки 13 бидејќи, според него, се престанати околностите за неговото понатамошно задржување во притвор, а кои се предвидени со членот кој предвидува опасност од бегство.
Обвинителката рече дека се противи на какво било размислување за укинување на притворот од причини, како што рече, дека полицијата не го нашла обвинетиот во библиотека, туку дека обвинетиот е упасен на граница во обид за бегство.
Барање за укинување на притворот побара и обвинетиот Јовановски, пред се рече дека е ноторна лага дека се обидел да бега, туку дека имал резервирано седумдневен одмор на Миконос во Грција. Боки 13 рече дека неговата здравствена состојба е подобра, односно последните испитувања покажале дека нема малигно заболување на желудникот, туку дека има улцерни лезии за кои е потребна прием на хигиено диететски режим, за кој, според него, тоа е невозможно да се оствари во затворот во Шутка.
Обвинетиот Јовановски уверувајќи го судот дека нема да бега, рече дека му било понудено позитивно мислење за притворот доколку постапи како Зоран Милевски и дека со тоа што не постапил така, се покажува неговата сериозност во врска со предметот.
-Доколку кажам дека Катица Јанева е крива ќе ми дадеше позитвно мислење, доколку кажам дека Фросина Ременски земала некакви пари ќе даделе позитивно мислење, рече Јованосвки на што реагираше обвинителката Рускоска и побара од судот да го предупреди Боки 13 дека ова, како што рече, не е театарска сцена.
Предметот продолжува следниот четврток со сведочење на Владимир Тодоровски и наредниот ден со Дејан Панделевски. Според динамиката на судењето, судијката Весна Никоавска Масевска која денеска одржа средба со новинарите, информираше дека за предметот има закажани рочишта до 15 март и дека има предложено околу 25 сведоци од обвинетите. бк/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме