Утрински Весник
Спорт

Боатенг враќањето во Херта го прослави со тетоважа

Боатенг враќањето во Херта го прослави со тетоважа

Кевин-Принс Боатенг го комплетираше „слободниот“ трансфер во клубот од детството Херта Берлин, за неверојатен 16-ти трансфер во кариерата на напаѓачот.

34-годишниот Боатенг по петти пат се враќа во Бундеслигата, откако играше за Херта, Борусија Дортмунд, Шалке и Ајнтрахт Франкфурт, а во кариерата беше и во Тотенхем, Порстмут, Милан, Барселона, Фиорентина, Сасуоло, и последната сезона во италијанскиот второлигаш Монца.

Боатенг, кој заедно со својот брат, фудбалерот на Баерн, Џером Боатенг, порасна во предградието на Берлин, Вединг, беше дел од јуниорскиот тим и имаше 53 настапи за нив пред во 2007 да се пресели во Тотенхем.

Откако потпиша едногодишен договор со Херта, поранешниот репрезентативец на Гана, го истетовира грбот на Херта на своите гради.

„Не е тајна дека секогаш сакав да се вратам во херта. Едвај чекам да заиграм пред Осткурве на ‘Олимпијастадион’ со момците“, изјави Боатенг.

> Боатенг враќањето во Херта го прослави со тетоважа <

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ