Утрински Весник
Свет

Блиска соработничка на Борис Џонсон поднесе оставка

Блиска соработничка на Борис Џонсон поднесе оставка

Блиска соработничка на британскиот премиер Борис Џонсон поднесе оставка откако се појави видео на кое таа се смее и се шегува на сметка на забавата организирана во владата за време на минатогодишното божиќно заклучување, кога таквите собири беа забранети.

Алегра Стратон беше портпаролка на Џонсон кога видеото беше направено во декември 2020 година. Нејзината последна должност беше владина портпаролка на климатската конференција COP26.

„Со моето однесување ја намалив важноста на правилата, истите правила што другите мораа да ги следат. Тоа не беше моја намера. Ќе жалам за тоа до крајот на мојот живот“, им рече Стратон на новинарите пред нејзиниот дом, објавија агенциите.

Можете да прочитате

Разбиена европска мрежа за крипто измами што испрала повеќе од 700 милиони евра

Путин тврди дека Русија е подготвена да го заземе цњл Донбас со сила

Турција ја гради првата домашна подморница