Утрински Весник
Свет

Блинкен: Да ѝ се одземе членството на Русија во Советот за човекови права

Блинкен: Да ѝ се одземе членството на Русија во Советот за човекови права

Обраќајќи се пред Советот во Женева, Блинкен рече дека итната седница на телото за Украина, закажана за четврток, која ќе започне меѓународна истрага за кршењето на човековите права во Украина преку резолуцијата предложена од Киев и неговите сојузници, е важен чекор кон воспоставување документација и повикување на одговорност.

„ Мораме да испратиме решителна, единствена порака дека претседателот Владимир Путин мора да ја прекине оваа акција без да поставува услови“, рече Блинкен.

Во своето обраќање пред Советот за човекови права на Обединетите нации, американскиот државен секретар Ентони Блинкен го доведе во прашање членството на Русија во тоа тело.

„ Можеме разумно да се запрашаме дали на една земја-членка на ОН, која се обидува да преземе друга земја-членка на ОН и во исто време врши ужасни кршења на човековите права и предизвикува огромни хуманитарни страдања, треба да и се дозволи да остане во овој Совет“, рече Блинкен.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени