Утрински Весник
Македонија

Благодарение на Владата ќе има греење во Скопје

E372c5a4 E0ef 486a 9b31 254da1a0a4ee

На денешната седница на Влада започна процесот кој осигурува решавање на проблемот со обезбедување на топлинска енергија. Радијаторите на нашите граѓани на Градот Скопје и општините ќе останат топли до крајот на грејната сезона.

Деновиве имаше јавни превирања за тоа каде припаѓа одговорноста за решавањето на овој проблем и иако обезбедувањето на топлинска енергија е јавна комунална обврска на Градот Скопје, сепак одговорно е потребата на граѓаните да е на прво место и Владата тоа го направи.

Во последните две недели сите економски ресори во Владата имавме редовни состаноци на кои се разгледуваа сите опции и можни решенија и верувам дека го најдовме најпрагматичното решение кое ги искористува сите законски можности со единствена цел, заштита на граѓаните.

Вчера Владата донесе одлука во која што побара од Тето да снабдува електрична енергија и пареа како енергенс за БЕГ во временски период од 5 часот наутро до 1 часот по полноќ. Денеска, Тето ја прифати вчершната одлука на Владата и веќе од вечерва од 22 часот ќе почне да испорачува електрична енергија кон ЕСМ а со тоа ќе обезбеди дополнителна топлинска енергија за граѓаните и тоа ќе го продолжи до крајот на грејната сезона.

Владата во процесот на преговори со БЕГ и ТЕТО го заштити интересот на граѓаните и тие можат да бидат спокојни дека домовите ќе им останат топли.

 

Можете да прочитате

133 санкции за брзо возење

Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална

ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено