Утрински Весник
Спорт

Би-би-си: Зидан го одбил Манчестер јунајтед

Би-би-си: Зидан го одбил Манчестер јунајтед

Зинедин Зидан не е заинтересиран за менаџерската функција во Манчестер јунајтед, објави Би-би-си, повикувајќи се на извори блиски до поранешниот тренер на Реал Мадрид.

Великанот од „Олд Трафорд“ е во потрага по нов тренер, откако Оле Гунар Солскјер доби отказ. Јунајтед, во Премиер лигата, има четири порази на последните пет натпревари, односно пет на последните седум натпревари.

Според овој извор, Зидан повеќе би сакал да го преземе ПСЖ, доколку постои таква можност.

Оваа опција можеби и не е толку не реална, бидејќи покрај Зидан, кандидат за менаџер на Манчестер јунатед е актуелниот тренер на ПСЖ, Маурицио Покетино.

> Би-би-си: Зидан го одбил Манчестер јунајтед <

Можете да прочитате

Истанбул ќе биде домаќин на дербито Турција – Македонија

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид