Утрински Весник
Македонија

Битолчанец со штрафцигер нападнал полицаец

Вработен во МВР станал и советник во општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Т.Н.(52) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“.

На 15.08.2020 во с.Крани, пријавениот, заедно со Г.Т. од Битола, билe забележани од полициски службеник од Полициската станица Ресен, како ја прескокнуваат оградата за да излезат од црквата Св. „Богородица“ во с.Крани. Полицискиот службеник се обидел да ги сопре, но Г.Т. побегнал кон возилото со кое биле дојдени, а Т.Н. со штрафцигер го нападнал, но полицискиот службеник успеал да го совлада.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ни следува стабилен, сув и сончев викенд, наутро со појава на магла

Возел со над два промила алкохол, полицијата му го одзеде возилото

Кој ќе го држи за рака моето дете кога мене ќе ме нема?