Утрински Весник
Македонија

Битолчанец се претставил како добронамерник, кога го поканиле во домот украл пари и го нападал домаќинот

Битолчанец се претставил како добронамерник, кога го поканиле во домот украл пари и го нападал домаќинот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Битолското основно јавно обвинителство ќе поведе истражна постапка против 22-годишен битолчанец, за кого постои сомнение дека извршил кривично дело разбојничка кражба.

Осомничениот на 20 јули годинава, околу 13.30 часот во Битола, на улица пресретнал жена со тешка здравствена состојба, па ја отпратил до нејзиниот дом.

Откако нејзиниот сопруг го поканил осомничениот да влезе во домот и да го почести кафе за услугата, младиот разбојник забележал паричник под перницата на креветот и го одзел.

Домаќинот го забележал осомничениот во кражбата и побарал да му го врати паричникот во кој имало 12.000 денари и лични документи. Во тој момент, осомничениот со рака го удрил оштетениот во пределот на главата, го соборил на подот и продолжил да го удира уште неколкупати, со што му нанел повреди.

По предлог на надлежниот обвинител, Основниот суд во Битола на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.

Можете да прочитате

Поставена новогодишна елка во Охридското езеро

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух

Македонија вечерва меѓу најзагадените во светот