Утрински Весник
Македонија

Битолчанец загина во сообраќајка на патот кон преминот Меџитлија

Автомобил излетал на патот Прилеп-Македонски Брод, возачот загинал на самото место

На патот Битола – Граничен премин Меџитлија, вчера (28. март) окоу 16 часот се сучила сообраќајна незгода со трагични последици.

Како што информираат од МВР, кај крстосница од селата Бистрица и Оптичари, од коловозот излетал автомобил марка „рено меган“, со битолска регистрација.

Возилото било управувано од 34-годишниот битолчанец А.Б, кој поради здобиените повреди починал во амбулантното возило, на пат кон Клиничка болница во Битола.

По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од битолската полиција.

Можете да прочитате

Не стигнало барање за одземање на имунитетот на судијата Ристов, вели Камбовски

Утре ќе се бира шеф на Скопското обвинителство

Лимани од Букурешт: Северна Македонија гради модерен, инклузивен и дигитализиран систем на социјални услуги