Утрински Весник
Економија

Битолска млекара предвреме го плати данокот на добивка, и со финансиска донација за Клиничката болница Битола

Битолска млекара предвреме го плати данокот на добивка, и со финансиска донација за Клиничката болница Битола

Битола, 4 април 2020 (МИА) – Битолска млекара изврши предвремено плаќање на вкупните аконтативни обврски за данок на добивка за тековната 2020 година во висина од 15 милиони денари за како што соопштуваат, со надеж и верба дека на тој начин ќе придонесат кон ублажување на последиците од вонредната ситуацијата настаната поради пандемијата на КОВИД-19.

Битолска млекарница, воедно, донира финансиска помош на Клиничка болница – Битола за набавка на два пациент монитори, потребни за подобрување на болничките капацитети во справување со коронавирусот.

-Треба да ја покажеме нашата одговорност кон заедницата. Во овие моменти потребно е да делуваме заеднички и да покажеме единство со сите државни и општествени процеси. Во тие рамки ја ставаме и грижата за локалната заедница и реагираме соодветно за да помогнеме онаму каде има потреба. Упатуваме и апел до нашите сограѓани да се заштитат, да останат дома и да бидат безбедни, за оваа криза побрзо да помине, истакнаа од Бимилк.

Во изминатиов период Битолска млекара донираше и производи за најранливите групи граѓани во Битола кои преку Црвениот Крст Битола се распределени според потребите и евиденциите на локалната канцеларија за хуманитарна помош. мт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија