Утрински Весник
Македонија

Битолската Зоолошка градина отворена за посетители

Битолската ЗОО Градина затворена за посетители

Битола, 29 мај 2020 (МИА) – Битолската Зоолошка градина од денеска е отворена за посетители. Начинот на работењето е регулиран врз основа на насоките и протоколот препорачан од Европската асоцијација на Зоолошки градини – ЕАЗА.

Протоколот е усогласен со претставниците на Зоолошки градини од 21 држава, и тој строго ќе се почитува, информираат од ЈОУ Зоолошка Градина – Битола.

-На секој посетител ќе му посакаме добредојде и ќе посочиме дека задолжително е почитувањето на мерките кои го ограничуваат бројот на посетители односно максимум 150 посетители на површина од еден хектар или еден посетител на површина од 10 кавдратни метри, ќе се користи е-карта за да нема примо-предавање на хартиени влезни карти, ќе се почитува физичка дистанца меѓу посетителите, а вработените ќе потсетуваат на таа обврска на посетителите, посочуваат од битолската Зоолошка Градина.

Примената на социјална дистанца меѓу луѓето и животните ќе се применува исто како и социјалната дистанца меѓу луѓето, предупредуваат од ЕАЗА.

-И оваа мерка целосно ќе се почитува без разлика на љубопитноста на секој посетител и желбата да биде што поблиску до некој кафез и да набљудува животни, а во битолската Зоолошка градина веќе се сместени нови кенгури, елени и други миленици на најмладите, информираа од менаџментот на таа општинска установа.мт/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Завршни зборови за убиствата на Вања и Панче: Нема никакво оправдување за убиство на невино дете, кое ни на сон не им сторило ништо на четворицата обвинети

Обвинителството тврди дека Палчо од таткото Александар разбрал кое време Вања ќе оди на училиште и дека ќе оди сама

Одбраната на Боре Видевски не ја донесе снимката од бензиската „Макпетрол“ во Велес, на која наводно се гледа Жежовски како полни бензин