Утрински Весник
Македонија

Битолската акумулацијата „Стрежево“ со нови количини вода

Битолската акумулацијата „Стрежево“ со нови количини вода

Битола, 7 март 2020 (МИА)Дождот деновиве ги зголемува количините на вода во акумулацијата „Стрежево“, а со топењето на снегот се очекува котата да биде на уште повисоко ниво, најуваат од ЈП „Стрежево“ – Битола, претпријатие кое стопанисува со акумулацијата.

Во моментов акумулацијата има 48,5 милиони кубни метри вода и тоа е повеќе од една третина од максималниот капацитет на акумулацијата.

-Утрово сливното подрачје на акумулацијата „Стрежево“ бликаше со вода и целата количина ја собираме во вештачкото езеро. Сушата си го направи своето, но и ние нашиот дел, односно со максимална професионалност обезбедуваме вода за сите корисници пред се граѓаните кои водата ја добиваат преку нашиот деловен партнер ЈКП „Водовод“, а паралелно ги снабдуваме пелагониските земјоделци и РЕК „Битола“, потврди Менде Граматковски, генерален директор на ЈП „Стрежево“ – Битола.

Акумулацијата „Стрежево“ со вода се полни преку алиментацискиот канал и реката Шемница, но и сите други водотеци, а заради заштеди на водата во овој период не се користат деривационите хидроцентрали на претпријатието.

-Гледано од денешен аспект и доколку врнежите продолжат кои на околните планини се врнежи од снег, тогаш вода во акумулацијата ќе има повеќе од доволно, затоа што ќе ја собираме во наредните три месеци и на тој начин како и досега подготвено ќе ја дочекаме сезоната за наводнување, посочи Граматковски.

Според статистички податоци на претпријатието, во овој период од годината, односно јануари – февруари, акумулацијата „Стрежево“ во најлоша состојба била во 2002 година кога имало само 23 милиони кубни метри вода, а близу денешната состојба според акумулираното количество вода е 2009 година кога имало 54 милиони метри кубни вода, односно, денес во вештачкото езеро има близу 50 милиони кубни метри вода.мт/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стружанец со 2,5 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна, полицијата го приведе

Автомобил се превртел кај Крива Паланка по удар во камен

Арбен Фетаи назначен за специјален пратеник за ЕУ