Утрински Весник
Политички Партии

Битиќи: Владините мерки обезбедуваат поддршка од 200 милиони евра, предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се несериозни и со далеку пониски износи

СДСМ: Техничкиот министер Чулев за себепромоција и лажен успех загрози меѓународна операција, а од друга страна граѓаните се уште се без патни исправи

 

Скопје, 5 април 2020

Соочени со коронакризата која со себе донесе сериозни предизвици, пред се здравствени, но и економски последици, за кои свесни сме дека ќе остават значителни штети во економијата Владата подготви пакет економски мерки со цел ублажување на последиците.

При тоа, водевме сметка за сите аспекти и сите погодени од неа. Правејќи ги анализите,  дојдовме до бројки на загрозени работни места и загрозени компании кои и не се така мал број. Поточно, тој опфаќа помош за најмалку 250.000 работници и околу 35.000 компании, што е скоро 50% на регистрирани правни субјекти во приватниот сектор .
Пакетот економски мерки вреден 200 милиони евра, овозможува директна помош за сите кои се погодени од кризата – за работниците, за стопанството, за микро, малите и средните претпријатија, за дуќаните, занаетчиите, за спортистите и уметниците и за сите граѓани кои се дел од неформалната економија.
Водејќи сметка дека секој работник е важен и зачувувањето на  секое работно место е од егзистенцијално значење, се обезбеди помош од 14.500 денари приход за сите што ќе бидат погодени од кризата, но и по принципот на солидарност намалување на платите на ниво на исто така 14.500 денари, на сите фунционери од јавните  државни институции.
Политиките и мерките на СДСМ за изминатите две и пол години многупати се докажаа како реални и исправни, затоа што за нас сите граѓани се важни.
И додека повторно и во најголемата глобална криза од која не е поштедена и нашата држава, СДСМ предлага сет мерки кои опфаќаат поголем број на граѓани погодени од кризата, ВМРО-ДПМНЕ излезе со сет мерки кои се селективни и носат помалку пари во стопанството.
Анализите покажуваат дека мерките што ги предлага ВМРО ДПМНЕ, освен што се несериозни и неодговорни, се мерки за поддршка на тие кои што се во категоријата на повисоко платени работни места и можеби под претпоставка дека нивната куповна моќ е поголема.
Еве неколку клучни работи:
– Бројот на работни места кој што е таргетиран од наша страна 250.000 вработени (ова се сите вработени кои добиват плата до 20000 нето плата) – ние би го поддржиле со 60.000.000 евра месечно, а додека со моделите на ВМРО-ДПМНЕ таа поддршка е значително пониска
-Моделот со 20% подршка, износот на поддршка е само 20.775.189 Евра за компании кои што имаат намалени приходи од 20-30%
-Моделот од 30% поддршка, износот на поддршка е само 31.162.784 Евра за компании кои што имаат намалени приходи од 30-40%
-Моделот од 40% поддршка, износот на поддршка е само 41.550.378 Евра за компании кои што имаат намалени приходи од 40-50%
-Моделот со 50% поддршка, износот на поддршка е само 51.937.973 Евра
-Тоа значи значително помалку средства вбризгани директно во стопанството, и секако помалку пари кај граќаните и намалување на потрошувачка.
Драги граѓани и стопанственици,
Јасна е разликата помеѓу преземените мерки на Владата коишто обезбедуваат месечна поддршка од 60 милиони евра и предлозите на ВМРО ДПМНЕ со срамна поддршка за скоро 50% помалку од тоа што ние го обезбедуваме.
Моделот предложен од страна на ВМРО ДПМНЕ и категоризацијата на бизнисите според нивото на претрпени штети и добивање на подршка, очигледно е дека ги става во поповолна состојба сите подобро платени работни места, наспроти пониско платените работни места.
Тоа почитувани граѓани значи помал опфат и помалку задржани работни места . Затоа што со помала поддршка, компаниите се склони полесно да се откажат од работниците.
Додека Владата спроведува сериозни мерки и чекори за справување со последиците од економската криза, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски научени на земање, сакаат да им ги земат парите на граѓаните од вториот пензиски столб.
Ова е време кога солидарноста треба да ја покажеме на дело.
И токму поради принципот на солидарност, даваме таму каде што нема, на работниците, стопанството, самостојни вработени, спортисти, уметници, а кратиме таму каде што можеме, непродуктивни трошења и намалување на платите односно солидаризирање.
Силно веруваме дека само заедно, сплотени и по принципот на солидарност ќе успееме да се избориме со сите предизвици кои се поставија пред нас. Никој не е сам и никој нема да биде заборавен. Државата е тука за сите граѓани и прави се полесно да ја пребродиме кризата.
Фатмир Битиќи, претседател на Комисија за финансии на СДСМ
_______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт