Утрински Весник
Економија

Битиќи: Владата е фокусирана на развојот на социјалното претриемништво

Битиќи:  Владата е фокусирана на развојот на социјалното претриемништво

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на покана на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Јавност“ и Германското здружение за меѓународна соработка, се обрати на „Форумот на добри компании“, одржан преку видео конференциска врска, каде зборуваше за предизвиците со кои се соочува општеството во период на кризата со пандемијата од Ковид-19, како и за преземените активности од страна на Владата за надминување на овие предизвици.

Битиќи истакна дека ковид кризата имаше особено влијание на ранливите групи на граѓани.

„Верувам дека светската економија ќе има сериозно поместување кон социјалната економија, каде што центарот на вниманието ќе им припаѓаат на општествено одговорните компании, оние кои работат за добро на општеството, а кои преку генерирање профит создаваат можности од голема важност за ранливите групи на општеството. Социјалното претприемништво е нешто на што сите треба да се фокусираме.Владата на Северна Македонија го препозна големиот потенцијал на социјалното претприемништво и ние сме подготвени да го прилагодиме нашиот систем за нови идеи и нови начини на создавање бизнис со цел да изградиме инклузивно општество“, нагласи тој.

„Ние сме посветени на постигнување на 17-те цели како дел од Агендата 2030 година, универзална рамка за зајакнување на колективните активности кон остварување на заедничките цели и предизвици. Работиме со голем фокус на намалување на сиромаштијата, создавање правда и силни институции заедно со пристојна работа и економски раст и зајакнување на индустријата, иновациите и инфраструктурата“, додаде Битиќи.

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот