Утрински Весник
Македонија

БИРН организира дводневна обука за прибирање средства за медиуми

БИРН организира дводневна обука за прибирање средства за медиуми

Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) организира дводневна обука за прибирање финансиски средства, наменета за вработени во медиумите од Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и БиХ, во рамките на проектот „Media for All“.

Оваа обука би требало да им помогне на финансиските менаџери, проект-менаџерите или проект-координаторите и другите медиумски професионалци на повисоки хиерархиски нивоа коишто се задолжени за развојот на медиумите да добијат практични умеења за процесите на прибирање пари.

Не се потреби претходни предзнаења. Главниот инструктор ќе биде Петар Суботин, а обуката ќе се врши на англиски јазик.

Пријавувањето се врши тука.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Опасна хемиска пена се излеа на булевар во Скопје – Градските служби реагираа

Зијадин Села ја напушта коалицијата со ДУИ 

Германија со јасен сигнал – Европската перспектива на Македонија е наш приоритет