Утрински Весник
Свет

Бил Гејтс: Можеме да видиме дека на пандемијата ќе и дојде крајот

Бил Гејтс: За имунизација, нема да биде доволна една доза вакцина против коронавирус

Oсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, во интервју за „Скај њуз“, рече дека светот не бил подготвен за пандемијата со коронавирус дури ни близу од она што требало да биде подготвен, додавајќи дека вакцината ќе им помогне на луѓето да се вратат во нормала.

“Кога пандемијата нè погоди, сфативме дека тоа е глобален проблем и мораше да организираме ресурси на глобално ниво. Многумина помогнаа, особено Велика Британија, Франција и САД, и заедно со Светската здравствена организација и нашата фондација тие рекоа, добро, што можеме да сториме? “, рече Гејтс.

“Коалицијата за иновации во епидемиска подготвеност помогна во истражувањето на вакцините, Сојузот за вакцинација набави вакцини, Глобалниот фонд финансираше терапии базирани на кислород. Тоа е она што го направи мојата фондација, ги искористи сите дополнителни ресурси и ги координираше на глобално ниво, ”, рече основачот на „Мајкрософт“ во телевизиското интервју.

„Од исклучително значење е што го сторивме тоа, бидејќи светот не беше подготвен за пандемија ниту блиску од она што требаше. На овој пат научивме, но јас би го рекол тоа, делумно, дека заради парите што САД ги дадоа за развој , сега имаме вакцини и гледаме дека на оваа пандемија ќе и дојде крајот “, рече Гејтс.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени