Утрински Весник
Магазин

Били Ајлиш спие во креветот на своите родители

Били Ајлиш спие во креветот на своите родители

18-годишната пејачка откри дека честопати спие во креветот на родителите наместо во својот, затоа што смета дека во нејзината спална соба има чудовишта од кои е исплашена.

Били зборува во трејлер за нејзиниот претстоен документарен филм што ќе се емитува на „Епл ТВ-плус“, со наслов „Били Ајлиш: Светот е малку замаглен“. Трејлерот беше објавен на Јутјуб во вторникот.

Во видеото, младата хитмејкерка го држи својот телефон додека лежи на кревет и вели: “Ова е креветот на моите родители. Јас спијам тука затоа што се плашам од чудовишта во мојата соба”.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години