Утрински Весник
Спорт

БИБЛ нуди две места за македонски екипи за сезоната 2020/2021

БИБЛ нуди две места за македонски екипи за сезоната 2020/2021

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Раководството на Балканската кошаркарска лига испрати писмо со намери до Кошаркарската федерација на С. Македонија во кое се нуди можност за натпреварување на две македонски екипи за сезоната 2020/2021 година.

Пред да биде завршена сезоната 2019/2020, во БИБЛ лигата веруваат дека следната ќе се реализира натпреварување со најмалку по два клуба-учесници од земјите во нашето опкружение.

Освен до КФСМ, исти такви покани стигнаа и до националните федерации на Албанија, Бугарија, Косово, Црна Гора,  а постои можност во лигата да биде вклучена и некоја екипа од други земји на Балканот.

Во зависност од бројот на пријавените екипи, БИБЛ предвидува формат за играње со осум, односно со 10 или 12 клубови учесници.

Лигата 2020/2021 би стартувала на 20 октомври, а би била завршена со финален турнир во период од 16 до 18 април 2021 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027