Утрински Весник
Спорт

Беше 9-та во свет, а сега порачува: Морам да играм на САД-опен, немам пари

Беше 9-та во свет, а сега порачува: Морам да играм на САД-опен, немам пари

Поранешната деветта светска тенисерка, Коко Вандевеге вели дека не е во можност да каже „не“ за настап на грен слемот во Њујорк во сред пандемија на коронавирус затоа што долгиот период без настапи оставил трага на нејзината финансиска состојба.

Американската тенисерка која на почетокот на 2018 година беше во топ 10 на ВТА листата признава дека има проблеми со парите. Таа најави дека ќе учествува на САД-опен затоа што е приморана. Вели дека претходните 3 месеци не заработила ниту цент.

„Морам да играм на САД – опен затоа што ми се потребни пари. Мислам дека не сум во позиција да кажам `не`“ – вели Вандевеге која моментно е 198-ма на ВТА листата.

Таа најдобрите резултати ги постигна во 2017 година на САД опен кога играше во полуфиналето.

Во Њујорк, во двојки во 2018. стигна и до титулата, во пар со Австралијката Ешли Барти.

САД опен годинава ќе се игра од 31 август, без присуство на публика.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот