Утрински Весник
Македонија

Бетонирани краци од две улици во Гевгелија

Бетонирани краци од две улици во Гевгелија

Гевгелија, 4 јуни 2020 (МИА) – Заврши бетонирањето на три улични краци во Гевгелија од кои два на улицата „Деко Ковачев“ и еден на улицата „Серменинска“. Краците беа на листата од Оперативниот план на општина Гевгелија за уредување на помали улици и краци со цел на граѓаните да им се обезбедат поквалитетни услови за живот.

Градоначалникот Сашо Поцков најави дека следниот период акцијата ќе продолжи и во услови на пандемија затоа што не бара поголемо ангажирање на градежна механизација.

– Со бетонираните краци двете гевгелиски улици денеска имаат нов изглед. Жителите на овие улици, кои гравитираат во западниот дел на градот во близина на новиот хотел „Блек пеинт“ добија уредена и соодветна патна инфраструктура што ја заслужуваат после толку чекање, рече Поцков напоменувајќи дека локалната самоуправа гради по план за поубава Гевгелија. им/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот