Утрински Весник
Магазин

Беспрекорен стил: Анџелина Џоли на премиерата на „Етерналс“

Беспрекорен стил: Анџелина Џоли на премиерата на „Етерналс“

Анџелина Џоли ги остави присутните без здив кога се појави на црвениот тепих на свечената премиера на филмот „Етерналс“ во Лос Анџелес во понеделникот.

Анџелина го негува својот впечатлив моден израз носејќи одважен златен накит за лице, што внесе дополнителен гламур во нејзиниот изглед.

А на црвениот тепих, на Џоли ѝ се придружија пет од нејзините шест деца, Медокс (20), Захара (16), Шило, 15 и 13-годишните близнаци Вивиен и Нокс, давајќи му на настанот семејна нота.

Во филмот на MCU, 46-годишната оскаровка глуми жестока воинка, Тена, која може да создаде оружје од космичка енергија.

„Етерналс“ ќе почне да се прикажува во киносалите на САД и Велика Британија на 5 ноември.

Можете да прочитате

Македонска музика во срцето на Белград: „Анимато“ вечерва на сцената на „Артгет“

Дневен хороскоп за 27 септември: Некому му треба одмор, а некому искрен разговор

Компјутер од ДНК пресметува во капка вода и може повторно да се користи