Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Бесплатна телефонска линија за повреда на правата за време на пописот и изборите

Бесплатна телефонска линија за повреда на правата за време на пописот и изборите
Img 7972

Во канцеларијата на Народниот правобранител од денес почна да функционира бесплатна телефонска линија 0800 54321 на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права за време на пописот на населението, домаќинствата и становите, како и за локалните избори што ќе се одржат во октомври.

„По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, односно нема да биде следена вообичаената постапка за поднесување претставка, туку претставки ќе се составуваат телефонски. Важно е да се истакне дека Народниот правобранител правата на граѓаните ќе ги штити со барање брзо и ефикасно постапување од надлежни органи во процесот на пописот и изборите и од другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на загарантираните права на граѓаните“, се наведува во соопштението.

Народниот правобранител ги охрабрува граѓаните доколку сметаат дека им е повредено некое од правата да се јават на бесплатниот телефонски број. Телефонската линија ќе функционира во текот на времетраењето на пописот и двата круга од локалните избори.

Можете да прочитате

Филипче до Мицкоски: Прочитан си како буквар, не направи ниту една реформа во судството, не те интересира правда

17-годишник од Скопје сакaл да го убие таткo си

Повторно протестираа вработените во „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ , од утре најавуваат радикализирање на протестите