Утрински Весник
Политички Партии

БЕСА: Секој обид за пролонгирање на изборите оди на штета на граѓаните

БЕСА: Секој обид за пролонгирање на изборите оди на штета на граѓаните
300x250 (7)

 

Скопје, 20 мај 2020

Централното претседателство на Движењето БЕСА, на онлајн состанокот што се одржа вчера (19.05.2020) разговараше за актуелната политичка состојба во пресрет на прекинатите активности околу организацијата на предвремени парламентарни избори и ги донесе следните заклучоци:

300x250 (7)

– Врз основа на сите информации од релевантни здравствени институции, како и состојбата создадена по повеќе од два месеца од пандемијата на вирусот СОVID-19, Движењето БЕСА проценува дека државата треба неминовно да ги зајакне државните институции преку целосен политички мандат и политичка влада која ќе мора да го понесе товарот за продолжување на здравствената битка против СОVID-19, а истовремено да се справи со економското закрепнување на земјата по економската штета предизвикана од пандемија со COVID-19. Затоа, проценуваме дека сега се создадени најоптимални услови за одржување на изборите што е можно поскоро во согласност со законските и уставните обврски и почитување на здравствените протоколи за одржување на изборен процес. Секој обид за пролонгирање на изборите со оправдување без аргументи оди само на штета на граѓаните. Затоа апелираме до сите политички фактори да не си играат со судбината на граѓаните, туку сериозно да им пристапат на создадените околности и да не се пресметуваат за политички придобивки што би наштетило на интересот на граѓаните.

Во однос на состојбата на здравјето и битката со вирусот СОVID-19, апелираме до сите граѓани да ги почитуваат препораките за одржување социјална дистанца и употреба на заштитна опрема бидејќи тоа ќе овозможи враќање во нормалност во општеството што е можно поскоро. Во исто време, апелираме до владата и сите надлежни институции да размислат за олеснување на следниве мерки:

1. Целосно укинување на полицискиот час и поголема концентрација на полицијата и армијата за одржување на редот и почитување на здравствените препораки.

2. Разгледување на создавање на здравствен протокол што ќе овозможи молитва на Фитр Бајрам на отворени места каде што полесно ќе се одржува социјалната дистанција.

3.Отстранување на изолацијата за граѓаните на Северна Македонија кои доаѓаат во својата татковина и имаат документирани докази дека се тестирале за COVID-19 и имаат негативен резултат.

4. Субвенционирање на примарното здраство и нивно третирање подеднакво со другите лекари, бидејќи матичните лекари се првите што откриваат пациенти со симптоми на вирусот СОVID-19 и се со ист ризик како и сите нивни колеги.

Се надеваме дека создадената состојба ќе биде надмината и дека сите ќе придонесеме за што поскоро враќање на нормалноста во општеството.

Канцеларија за информирање Движење БЕСА

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт