Утрински Весник
Свет

Берлин: Русија треба да стори повеќе за да го расветли случајот на Навални

Берлин: Русија треба да стори повеќе за да го расветли случајот на Навални
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Русија треба да стори повеќе за да го расветли случајот на Алексеј Навални, кој се наоѓа во берлинската болница по евентуално труење, рече Хајко Мас.

„Од една страна, ни требаат конструктивни врски со Москва. Бидејќи без Русија или против Русија, Европа не станува побезбедна. Од друга страна, јасно кажуваме дека над нашите односи се надвија облаци. Санкциите треба да се одржат ако ништо не се промени на теренот”, рече германскиот министер за надворешни работи.

Оваа порака Мас ја испрати на Русија во говорот во Париз пред француските амбасадори во Европа, заедно со неговиот француски колега Жан-Ив Ле Дријан.

Една недела по настанот, Москва објави дека започнала прелиминарно разгледување на случајот на Навални, кој според германските лекари е жртва на труење, за кое руските судски власти велат дека немаат докази.

Руското обвинителство исто така изјави дека нема никакви докази за намерни криминални дела против Навални, иако во тек е прелиминарна истрага.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин