Утрински Весник
Магазин

Бен Афлек се враќа на работа во топ форма

Бен Афлек се враќа на работа во топ форма
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ѕвездата од „Бетмен“ неодамна беше на насловните страници на таблоидите со веста дека има  нова девојка, Ана де Армас, и дека врската станува се посериозна во текот на самоизолацијата.

А во вторникот, Афлек се врати на работа во неговата канцеларија за филмска продукција во Западен Лос Анџелес.

Папараците го забележаа кога излезе надвор да го земе нарачаниот оброк и пијалок. Работно а спортски – темно сива маица и слична боја долни тренирки.

Актерот и режисер (47) со затегнати стомачни мускули и испакнати бицепси, очигледно работел на својата одлична форма во самоизолација.

Тој започна со снимањето на „Последниот дуел“, во кој глуми со најдобриот пријател Мет Дејмон, во режија на Ридли Скот, но во средината на март продукцијата беше прекината поради пандемијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

OpenAI воведе годишен преглед на активностите за корисниците на ChatGPT

Крај на една ера: На последниот ден од 2025 година, се гаси MTV

Почина Брижит Бардо – 24info.mk