Утрински Весник
Спорт

Бенфика го одбиле Њукасл за Дарвин Нуњез

Бенфика го одбиле Њукасл за Дарвин Нуњез

Њукасл јунајтед, барем засега не успеаја да убедат ниту еден играч, во зимскиот преоден рок да се пресели на „Сен Џејмс парк“.

Приорите за Њукасл е напаѓач, кој ќе ја реши неефикасноста на тимот. Богатите сопственци се насочиле кон Дарвин Нуњез. Емисари од Њукасл изминатите два дена биле во Лисабон, но како што пишува „Рекорд“, Бенфика без размислување ја одбиле понудата.

За талентираниот Уругваец, Њукасл понудиле 50.000.000 евра. Ова е дупло повеќе од она што пред 18 месеци, издвои Бенфика за трансферот на Нуњез.

Според овој извор, Бенфика смета дека Нуњез вреди повеќе од сумата што ја понудиле од Њукасл.

Дарвин Нуњез со Бенфика има договор до јуни 2025 година.

> Бенфика го одбиле Њукасл за Дарвин Нуњез <

Можете да прочитате

Осогово и Вардар со хуманитарен натпревар за жртвите од трагедијата во Кочани

Рељиќ со бронзен медал на натпреварот Фуџарија Г-2 Опен во Емиратите 

Лазаров: Со максимален ангажман до пласман на Светското првенство