Утрински Весник
Свет

Бени Ганц: Турција и Иран се противат на мирот

Бени Ганц: Турција и Иран се противат на мирот

На првата видеоконференција со новинарите на арапските земји, министерот за одбрана на Израел, Бени Ганц, предупреди на напорите на Турција и Иран за дестабилизација на регионот.

Тој вели дека тие ги поткопуваат напорите за постигнување мир.

Ганс изјави дека Турција и Иран ги поткопуваат неодамна потпишаните договори за нормализација меѓу Израел, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин и дека продолжуваат да ги поддржуваат конфликтите во регионот.

Тој ги обвини двете земји дека се спротивставуваат на унапредувањето на мирот и дека ја поддржуваат регионалната агресија.

Иако Израел често го критикува својот најголем непријател, Иран, јавната критика кон Турција, со која има односи, е ретка, пишуваат израелските медиуми.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд