Утрински Весник
Економија

Бензините поевтинуваат

Од полноќ поевтинување на горивата

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1 и за 1,5 денар, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетик.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,5 денар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1 денар.

Цените на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,133 денари.

Од ноќеска на полноќ новите цени се: ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС -98 61 денар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53 денари, Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53 денари и Мазут М-1 НС 28,368 деари.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Трипуновски: Пиперката се откупува непречено, имаме зголемување на субвенциите за 2025 година

УЈП од електронски аукции во државниот буџет инкасирала 314 230 евра

Итно зголемување на минималецот на 500 евра бара ССМ од пратениците