Од ноќеска на полноќ бензините и дизелот поскапуваат за 1 и за 1,5 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,5 денар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар залитар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,448 денари и ќе изнесува 32,884 денари за килограм.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 62,5 денари, на ЕУРОСУПЕР БС -98 е 64,5 денари, на дизелот е 53 денари, а на Маслото за горење е 42 денари за литар.