Утрински Весник
Македонија

Бензините за два месеца поевтинија 20 денари за литар, мазутот двојно во споредба со јануари (инфографик)

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Вртоглав пад на цената на нафтените деривати предизвика глобалната пандемија со корона вирусот и „нафтената војна“ што ја водат Русија и Саудиска Арабија во изминативе неколку недели. За нешто повеќе од два месеци, цената на бензините на македонскиот пазар на почетокот на април опадна за дури 20 денари по литар, додека мазутот денес може да се набави двојно поевтино во споредба со крајот на јануари годинава.

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цените на нафтените деривати и горивата повторно ќе одат надолу. Од утре, 7 април, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари за литар и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 48 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 на бензинските пумпи ќе може да се набави по цена од 50 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) со најновата одлука на регулаторите се намалува за 1 денар за литар, така што дизелот ќе се продава по цена од 45 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од утре ќе има пониска цена за 1,50 денари за литар и истото ќе се продава по 33,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,921 денари за килограм во однос на цената утврдена на 30 март и со тоа неговата цена од ноќеска на полноќ ќе изнесува 17,970 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија за енергетика објаснуваат дека определувањето на малопродажните цени на нафтените деривати и горивата на македонскиот пазар се заснова на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, а улога во формирање на цените има и курсот на денарот во однос на доларот за секој изминат седумдневен период.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме