Утрински Весник
Спорт

Бензема: Резил, Винисиус и Касемиро пред дербито пиеја и играа ФИФА

Бензема: Резил, Винисиус и Касемиро пред дербито пиеја и играа ФИФА

Карим Бензема дебаклот на реал во дербито со Барселона, го следеше од ложата на „Сантијаго Бернабеу“. Карло Анчелоти не сакаше да ризикува со повредата на францускиот репрезентативец, реши дербито да го одигра без него.

Ден по натпреварот јасно е дека одлуката Бензема да не биде во конкуренција за место во тимот била првата од неколкуте лоши одлуки на Анчелоти.

Катастрофата што ја доживеаа неговите соиграчи тешко му падна на Бензема. Тој јавно критикуваше двајца соиграчи.

„Ова е срамен пораз, ни се случи поради тоа што ја потценивме Барселона. Вчера кога се разбудив видов дека Винисиус и Касемиро заедно пијат и играат ФИФА. Ги прашав зошто не се одморат пред овој важен натпревар. Винисиус ми кажа: „Нема потреба, Барселона е без Меси“, рекол Бензема.

Реал и покрај поразот остана лидер на табелата со девет поени повеќе од Севилја и 12 од Барселона и Атлетико. Барселона има натпревар помалку од конкурентите.

> Бензема: Резил, Винисиус и Касемиро пред дербито пиеја и играа ФИФА <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина