Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Бензема нема (повторно) да биде исфрлен од репрезентацијата

Бензема нема (повторно) да биде исфрлен од репрезентацијата
300x250 opst2

Карим Бензема нема да биде исфрлен од националниот тим и во случај да биде осуден во случајот со поранешниот соиграч Матије Валбуена. Ова го потврдил првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Франција, Ноел Ле Гре.

„Тренерот е одговорен за селекцијата. Дури и да добие условна затворска казна, тој ќе има право да ја обжали пресудата. Дали ќе биде повикан или не, тоа нема да има врска со овој случај“, рекол Ле Гре.

Бензема е обвинет дека бил посредник во уценувањето на Валбуена. Пријатели на Бензема, поседувале домашно . на Валбуена. Напаѓачот на Реал му рекол на Валбуена да им плати на уценувачите.

Откако аферата излезе во јавноста се до мај оваа година, Бензема беше отстранет од националниот тим. По пауза од пет години тој се врати во репрезентацијата и настапи на Европското првенство.

Конечната пресуда судот во Версај ќе ја донесе на 24.ноември.

> Бензема нема (повторно) да биде исфрлен од репрезентацијата <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН