Утрински Весник
Свет

Белоруската опозиционерка Колесникова: Ми ставија кеса преку глава и ми се заканија дека ќе ме убијат

Белоруската опозиционерка Колесникова: Ми ставија кеса преку глава и ми се заканија дека ќе ме убијат

Белоруската опизционерска политичарка Марија Колесникова тврди дека безбедносните сили и` ставиле кеса преку главата и и` се заканувале дека ќе ја убијат.

Тоа се случило кога се обиделе насилно да ја депортираат во Украина претходно оваа недела, се наведува во изјавата што денеска ја поднесе нејзиниот адвокат.

Колесникова навела дека навистина стравува за нејзиниот живот, пренесе Ројтерс.

„ Особено е нагласено дека ако доброволно не ја напуштам Република Белорусија, секако ќе ме протераат, жива или во делови. Имаше и закани дека ќе ме стават во затвор до 25 години“ тврди Колесникова.

Нејзиниот адвокат рекол дека таа поднела кривична пријава против белоруските власти, вклучително и безбедносната полиција – КГБ.

Колесникова, која е истакната лидерка на протестот против повторниот избор на претседателот Александар Лукашенко, спречила обид да биде протерана од земјата така што го искинала пасошот.

Таа моментално е притвор во Минск. Приведена е поради сомнение дека извршила предавство, во рамките на кривичната постапка која вклучува обид за преземање на власта, вчера пренесе РИА новости.

Во понеделникот беше објавена неофицијална информација дека истакнатата опозиционерка „исчезнала“, односно дека маскирани лица ја качиле во минибус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус

Блискиот исток, Украина и Трамп се на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7