Утрински Весник
Свет

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик – градоначалникот на Белград, Горан Весиќ објави на Фејсбук фотографии од хаосот кој остана на улиците на Белград по синоќешните немири. На фотографиите можат да се забележат запалени автомобили, смет, скршени стакла…

Ова е дел од хаосот којшто хулиганите коишто го уништуваа и палеа Белград, го оставија зад себе. Оние коишто не учествуваа на изборите сега на сила сакаат да го заземат Собранието, полна им е устата со Косово и Метохија, а србуваат илјадници километри од КиМ каде овие ‘херои’ не смеат да одат“, напиша Весиќ.

Тој наведува дека „хулаганите кои беснееле низ Белград“ ги организирал радикалниот десничар Срѓан Ного, а дека инспиратори биле Млаѓан Ѓорѓевиќ и владиката Григорие.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Појасот Газа за еден ден загинале 83 луѓе

Напаѓачот на Фицо призна вина

Поплави и свлечишта во германската провинција Сар