Утрински Весник
Свет

Белград и Приштина на средба на 2 септември во Вашингтон

Белград и Приштина на средба на 2 септември во Вашингтон

Премиерот на привремените институции во Косово, Авдулах Хоти, потврди дека средбата со белградските власти ќе се одржи во Вашингтон на 2 септември. Тој го напиша тоа на својот Фејсбук и истакна дека тема на разговорот ќе биде економијата.

„САД отсекогаш биле клучни во процесот на градење на држава во Косово. На 2 септември се среќаваме во Белата куќа за да разговараме со српската страна, како две независни земји, за големите проекти за економска соработка што ќе ја променат економската перспектива на Косово и регионот. Косово е благословено со пријателите коишто го има“, напиша Хоти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел