Утрински Весник
Свет

Белградската „Арена“ станува ковид-болница

Белградската „Арена“ станува ковид-болница

Од понеделник спортската „Арена“ ќе се користи како ковид-болница во која ќе има 500 болнички кревети и сите услови за прием на заразените. Ортопедската клиника на Бањица ќе биде вратена во Ковид системот и ќе биде пак Ковид болница, најави министерот за здравство Златибор Лончар.

Следна болница која ќе стане ковид болница е онаа во Пожаревац. Тој апелираше до граѓаните да се придржуваат до мерките.

Во последните 48 часа во Србија починаа уште 11 лица како резултат на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Официјалниот број на починатите е 298.

Текстот Белградската „Арена“ станува ковид-болница е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минимален сообраќај низ Ормуската Теснина во екот на војната во Иран

Ердоган вели дека Турција работи на воспоставување мир во војната на САД и Израел против Иран

Хезболах: Ќе спречиме израелска окупација на јужен Либан