Утрински Весник
Свет

Белгиска министерка: Првата вакцина против Ковид-19 најверојатно од март во ЕУ

Белгиска министерка: Првата вакцина против Ковид-19 најверојатно од март во ЕУ

Првата вакцина против коронавирус треба да се дистрибуира во март следната година, изјави белгиската министерка за здравство Меги де Блок во интервју за радиото Ла Премиер.

Таа рече дека вакцината најверојатно ќе биде од фармацевтската компанија „Санофи“.

Според неа, вакцината е сè уште во фаза на тестирање, но таа очекува дека од март првите дози ќе бидат достапни во Белгија и во остатокот од ЕУ.

Според неа, приоритет при примањето на вакцината ќе имаат здравствените работници и најзагрозените категории на население, во согласност со советите на експертите во државниот здравствен совет.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вонредна состојба во Њујорк – 24info.mk

Уапсен поранешен британски дипломат поради блиски врски со Епстин

Калас: ЕУ не усвои нови санкции кон Русија и не одобри заем за Украина поради Унгарија