Утрински Весник
Македонија

Белгиска државјанка фатена со лажен негативен ПЦР-тест на скопскиот аеродром

Белгиска државјанка фатена со лажен негативен ПЦР-тест на скопскиот аеродром
Dik 300x250 mk

Белгиска државјанка била фатена со лажна потврда за негативен ПЦР-тест на скопскиот аеродром, во обид да ја напушти државата.

На 16 април обвинетата 48-годишна жена се обидела да ја напушти државата со лет од Меѓународниот аеродром Скопје, притоа приложувајќи лажна потврда за негативен ПЦР-тест за SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаела дека тестот не е вистински и не е издаден од наведената лабораторија во Скопје, таа го употребила при проверката од овластените службени лица на аеродромот.​​

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против неа за кривично дело  фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Родител пријавил дека неговата ќерка била сексуално вознемирувана додека била на училиште

(Видео) Излажа ли актерот? Пендаровски не му понудил на Гоце Тодоровски да ги продаде рубините од Орденот

Гаши: Пратениците се согласија за нов Изборен законик