Утрински Весник
Свет

Белата куќа: Бајден и Џонсон го поддржуваат суверенитетот на Украина

Белата куќа: Бајден и Џонсон го поддржуваат суверенитетот на Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон ги разгледаа дипломатските напори за Украина и ја потврдија својата поддршка за нејзиниот суверенитет, соопшти Белата куќа.

Во текот на вчерашниот разговор, Бајден и Џонсон разговараа и за напорите за зајакнување на одбранбениот пристап на источното крило на НАТО и за подготвеноста на нивните сојузници и партнери да наметнат тешки последици врз Русија доколку таа избере натамошна воена ескалација, се вели во соопштението на Белата куќа.

Кабинетот на Џонсон претходно објави дека двајцата лидери се согласиле дека има шанса за дипломатија и шанса Русија да се повлече и да спречи катастрофа во Украина.

Можете да прочитате

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари