Утрински Весник
Економија

Бектеши: Туризмот е една од најпогодените индустрии од Ковид пандемијата

Бектеши: Туризмот е една од најпогодените индустрии од Ковид пандемијата

Министерот за економија Крешник Бектеши, во своето обраќање на петтата туристичка берза истакна дека туризмот е една од најпогодените индустрии од Ковид пандемијата.

Додаде дека заедничката цел заедно со туристичко-угостителскиот сектор е оваа криза што побрзо да заврши и се да се врати во нормала.

„Република Северна Македонија е една од земјите која го смета туризмот како прироритетен економски сектор благодарение на природните ресурси и културно -историските споменици, кои привлекуваат многу домашни и странски туристи. Владата на Република Северна Македонија веќе презеде низа активности во сите Пет пакети на мерки кои што досега ги објавивме, се со цел во овие тешки времиња да се помогне на туристичката индустија и да се зачуваат работните места.Токму овој сектор беше и најмногу поддржан и опфатен во сите Пет сета мерки“, рече Бектеши.

Испрати охрабрување до сите чинители да продолжат со активности за опоравување.

На настанот беше присутна и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер. Таа истакна дека и покрај корона кризата голем е ентузијазмот за напредок на туристичката индустрија, како и дека со промоција на секторот ќе земјата ќе се задржи на светската мапа за туризам.

„Веруваме дека потенцијалот на туристичкиот сектор во Македонија се уште не е доволно искористен. Во текот на изминатите шест години соработувавме со тур-оператори, јавни институции и организации за деловна поддршка за натамошно подобрување на понудата, создавање поддржувачки екосистем за туризам и подобро промовирање на Македонија како туристичка дестинација“, рече амбасадорката Зутер.

Претседелот на Асоцијацијата за дојдовен туризам, Влатко Сулев потенцира дека петтата македонска туристичка берза е многу важна одлука зашто отворањето на границите е се поблиску и дека туристите веќе ги планираат своите одмори.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија