Утрински Весник
Економија

Бектеши: Обврска како министер за економија ми е да го поттикнувам домашниот туризам

Бектеши: Обврска како министер за економија ми е да го поттикнувам домашниот туризам

Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека следуваат преговори со сите соседни земји за взаемно признавање на ковид-тестовите.

„Ќе бараме од нашите соседи, и европските држави да ги прифатат таканаречените ковид пасоши од нашата држава“, вели Бектеши.

Тоа што во моментов Министерството за економија не преговара со Грција, вели дека не значи дека тие нема да почнат со преговори.

Тој ги објасни и неговите коментари за домашниот туризам, велејќи дека негова обврска како министер за економија е да го поттикнува туризмот во рамките на нашата земја.

Можете да прочитате

Речиси целосно искористени средствата од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании, премиерот задоволен од инвестицискиот раст

Митреска: Монетарната политика на Народната банка ја поддржува ценовната стабилност во економијата

Во ноември лани 304 одобренија за градење, во Скопскиот Регион 427 стана