Утрински Весник
Економија

Бектеши: Не очекувам рецесија во првиот квартал

Бектеши: Не очекувам рецесија во првиот квартал

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Според индикаторите кои ги знаеме, не очекувам да влеземе во рецесија во првиот квартал, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Одговорајќи на новинарско прашање, Бектеши истакна дека засега ги нема официјалните податоци за состојбата од Државнот завод за статистика.

– Немам информации за извештајот од Заводот за статистика, но според индикаторите кои ги знаеме, очекувам да не влеземе во рецесија во првиот квартал. Ќе ги чекаме податоците од Државиот завод, по што ќе излеземе со наш став зависно од движењата на секој од секторите, напомена Бектеши на прес-конференцијата пред Министерството за економија каде најави уште една економска мерка – за поддршка на хотелиерите.

Во однос на платежните картички за граѓаните, тој потенцира дека Уредбата е одлично направена и дека се очекува тие да бидат навреме изготвени и доставени, како и да почнат да се користат во предвидениот рок.

– Преговорите со банките кои ќе ги доделуваат картичките се завршени. Убеден сум дека со доставување на листата до нив, навреме ќе бидат изготвени и граѓаните ќе може да ги користата во предвидениот рок, истакна Бектеши. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен