Утрински Весник
Економија

Бектеши: Има доволно залиха на основни прехранбени производи

Бектеши: Има доволно залиха на основни прехранбени производи

Има доволно залиха на основни прехранбени производи, надлежните институции се на терен и вршат проверки во трговските објекти со цел да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови. Ова го истакна министерот за економија, Крешник Бектеши.

Министерот кој направи увид во трговски центар и маркет во Скопје кажа дека разговарал со дел од вработените кои што го информирале дека согласно новото законско решение во делот на трговија им се исплаќа дневница за работа во недела.

„Како Министерство за економија сме задоволни со оваа нова политика за недела неработен ден, а посебно со тоа што тие што ќе бидат ангажирани во недела ќе имаат поголеми приходи, а со тоа ќе се зголеми нивниот животен стандард” кажа министерот Бектеши.

Можете да прочитате

Германските компании речиси ги преполовија своите инвестиции во САД откако Трамп се врати на власт

Азески: За минималната плата треба да се разговара и да се дојде до најдоброто решение

Од полноќ повисоки цени на горивата