Утрински Весник
Економија

Бектеши: Занаетчиите ќе ги поддржиме со 15 милиони денари за набавка на алати и репроматеријали

Бектеши: Занаетчиите ќе ги поддржиме со 15 милиони денари за набавка на алати и репроматеријали

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари работен состанок со претставници од Секцијата на фризери при Занаетчиската комора на Скопје.

На состанокот министерот ги информираше претставниците на фризерските салони за мерките за поддршка на занаетчиите и самостојните вршители на дејност преку Министерството за економија, како и за финансиската поддршка од Четвртиот сет на мерки кои што ги донесе Владата.

„По донесувањето на ребалансот на буџетот, Министерството за економија од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво (КИП) ќе објави Јавен повик за кофинансирање на трошоци за занаетчии при што се предвидува надоместување на 60% од трошоците или максимум 30.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали по апликант. За оваа намена од Буџетот на Министерството за економија се предвидени 15 милиони денари“, информираше министерот Бектеши.

Министерот додаде дека од 1 јануари следната година ДДВ на занаетчиски услуги ќе се намали од 18% на 5%, а овој предлог веќе е доставен до Собранието. На занаетчиите и на самостојните вршители на дејности, како што посочи министерот и натаму им остануваат на располагање и другите мерки, како што е поддршката за исплата на платите или пристапот до бескаматните кредити од Развојната банка на Северна Македонија.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Во април раст на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун, намален кај горивата

Перински: Модерни и развиени општини значат конкурентна економија

УЈП: Истекува рокот за проверка и потврда на годишните даночни пријави за остварените приходи за 2025 година